Важни тековни информации поврзани со вирусот КОВИД-19

Почитувани,

 

Во рамките на оваа објава можете да најдете прилози, кои соддржат важни информации поврзани со КОВИД-19 вирусот:

- Првиот и вториот прилог се акти поврзани со издавање на дозволи за вработени во компании кои извршуваат работа во сменска работа, а во врска со воведеното ограничено движење на граѓаните во период од 21:00-06:00 часот.

- Третиот прилог се однесува на Препораки за однесување на вработените во производните капацитет кои произведуваат непрехрамбени производи

- Четвртиот прилог се однесува на Решението на Министерството за здравство за одложување на здравствените прегледи за работниците, на барање на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, каде што ОРМ има свои претставници.

 

Се надеваме дека информациите ќе ви помогнат во организирање на работните активности, во рамките на вашите работни организации.

 

Со почит,

Тимот на ОРМ