Изборна седница на Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на Град Скопје

Почитувани,

 

На 15-ти Јануари 2020 година, во малата сала за седници на Советот на Град Скопје, се одржа изборна седница на локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на Град Скопје. На седницата беа избрани раководните структури на ЛЕСС-от, односно претседавач. заменик претседавач и секретар.ЛЕСС на Град Скопје е трипартитно тело и брои 17 члена, од кои 5 члена се номинирани од страна на ОРМ.

На предлог на ОРМ, за претседавач на ЛЕСС на Град Скопје со безмалку конзензус (13 гласови за, еден воздржан од вкупно 14 присутни), беше избран г-дин Дарко П

етровски. Со истиот број на гласови беа избрани и заменик претседавачот, г-дин Иван Пешевски од ССМ (на предлод на синдикатите) и секретарот, г-ѓа Билјана Стојмановска (на предлог на членовите од општинската администрација). 

 

Им честитаме на сите избрани во раководносто тело и им посакуваме успешна работа!

 

Со Почит,

Тимот на ОРМ