Допис до МТСП во однос на новиот правилник за трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа

Почитувани,

 

Ве известуваме дека Министерството за Труд и Социјална Политика, донесе нов правилник за трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа. Во текот на месецот Ноември 2019 година, ОРМ направи обемна консултација со членството и со нашите претставници во Националниот Совет за БЗР, во однос на предлог правилникот.

Во таа насока, сите забелешки кои ги добивме од нашите членки и стручни лица од областа на БЗР беа вклучени како коментари во предложениот правилник. Документот беше уредно доставен до МТСП на 22-ри Ноември 2019 година.

За жал, мораме да констатираме дека ниту една од предложените забелешки од страна на ОРМ не беше прифатена во процесот на финализација на предлог правилникот, кој подоцна е и усвоен.

Заради ново настанатата ситуација, ве известуваме дека ОРМ официјално достави допис до МТСП, со кој искрено реагираме и укажуваме дека вака спроведената постапка и менување на Законот и Правилникот според интересите на “некој”, ќе доведе до состојба трошоците за безбедност и здравје постојано да растат, а резултатите од реалната имплементацијата на законските прописи да стануваат се полоши.

Во следниот период ќе ве известиме доколку има одговор од страна на МТСП и одредени промени.

 

Со почит,

 

Ангел Димитров и 

Тимот на ОРМ