Конвенција 190 на Меѓународната организација на труд против насилството и вознемирувањето во светот на работата

 

Почитувани,

 

Меѓународната организација на трудот, во рамки на кампањата Крај за насилството и вознемирувањето во светот на работата #RatifyC190 #16Days #ILO100 на 4 декември организираше панел дискусија за промоција на најновата конвенција 190 и на Препораката 206 чија цел е справување со насилството и вознемирувањето, особено кога е тоа родово-базирано. Оваа важна конвенција и препорака се донесени токму на 100-годишнината од основањето на МОТ со Версајскиот договор во 1919 година, со крајот на Првата светска војна.

На панелот, во друштво со социјалните партнери, претставниците на Министерството за труд и социјална политика и на Синдикатите, говореше и претставникот на Организацијата на работодавачи на Македонија и експерт за менаџмент со човечките ресурси, Дарко Петровски, кој укажа на тоа каква е улогата на работодавачите во креирањето на здрава работна средина и достоинствена работа и како тоа придонесува за поголема мотивираност и продуктивност, а со тоа и за конкурентска предност на компаниите.

Насилството и вознемирувањето во светот на работата опфаќа низа неприфатливи однесувања и практики, или закани за нив, без разлика дали се еднократни или повторливи, чија цел е, или резултираат со, или веројатно би резултирале со, физички, психолошки, сексуални или економски повреди и штети, и вклучуваат родово-базирано насилство и вознемирување.

Петровски се осврна и на улогата која менаџерите и специјалистите за менаџмент со човечки ресурси во организациите ја имаат за воведување на политики и практики насочени кон спречување на било каква форма на насилство и вознемирување, кои претставуваат закана за еднаквите можности, и се неприфатливи и неспојливи со пристојната работа, предизвикуваат повреда и прекршок на човековите права, може да ги спречат лицата, особено жените, од влегување, останување и напредување на пазарот на трудот, влијаат на здравјето и достоинството на лицето, како и на семејното и социјалното окружување и се се некомпатибилни со промовирањето на одржливи претпријатија и влијаат на односите на работното место, репутацијата и продуктивноста на претпријатието. 

 

 

Со почит,

Тимот на ОРМ