Менторство на Демо проекти на избрани компании

Почитувани,

 

Компанијата Милина Свитс ДОО беше избрана како компанија која имаше менторска поддршка од страна на експерти, во рамките на проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“. Компанијата нуди кондиторски производи, а по  спроведеното менторство резултатите од оваа соработка ќе придонесат кон остварување на целта на проектот: да се подигне конкурентноста на малите и средните претпријатија и прагматично да придонесе во имплементацијата на националните стратешки документи за конкурентност.

 

Со почит,

Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија,

Проектен тим