Тркалезна маса на тема „Сознанијата од Бизнис анализата за пазарите во Бугарија и Шведска“

Почитувани,

 

На 20 ноември 2019, (среда), во Хотел Александар II со почеток во 10:00 часот се одржa Тркалезна маса на тема „Сознанијата од Бизнис анализата за пазарите во Бугарија и Шведска“ за проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ.

На настанот  беа претставени податоци, информации и теми од документот - Анализа на пазарот на Бугарија (кондиторски производи) и Анализа на пазарот на Шведска (преработки од овошје и зеленчук). Компаниите имаа можност да  дискутираат во однос на типот и обемот на поддршката и помошта кон фирмите, кои тие ја очекуваат од страна на државните институции и деловните здруженија (што недостасува, што треба да се промени или дополни), со крајна цел раст на извозот, а во однос на легислативата, маркетинг и промоција на странски пазари, кредитирање на извозни активности и потребите од обуки за подобрување на знаењата во сферата на извоз и промоција.

Тркалезната маса е дел од активностите кои се спроведуваат во рамки на проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, спроведуван од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Институтот СФЕРА-НОВА и има за цел да ја подигне конкурентноста на компаниите преку зајакнување на капацитетите на компаниите за извоз.

 

Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија,

Проектен тим