Можност за бесплатно приклучување кон Интерактивна платформа

Почитувани компании,

 

Би сакале да ве инфомираме дека во рамките на проектот „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија"- EuropeAid/138-495/ID/ACT/MK, финансиран од страна на ЕУ,  подготвивме Интерактивна платформа (веб) за извоз - IPE (извозен портал за помош за извоз). Интерактивната платформа има за цел да доставува навремени и релевантни информации, што воедно ќе претставува помош на постојните и потенцијалните извозници за подобрување на нивните способности и конкурентност како добавувачи на квалитетни добра и услуги на глобалните пазари.

Имено, Платформата ќе има за цел обезбедување на интерактивниот систем за извоз кој ќе обезбеди редовни извештаи за статистика на трговијата, информации за пазарот и производите, базите на податоци на снабдувачите и купувачите и други информации поврзани со трговијата до неговите ценети чинители преку мрежата. IPE платформата треба да им овозможи на извозниците можност да станат глобално конкурентни.

 

Би сакале да ве информираме дека Ви ја нудиме можноста бесплатно да бидете вклучени со ваши информации за компанијата и производите кои ги извезувате, и на тој начин да бидете дел од oваа интерактивна мрежа, без никакви трошоци.

За таа цел, Ве замолуваме најдоцна до Петок, 29.11.2019 година, да ни ги доставите Вашите контакт податоци што би сакале да ги објавиме  или  линк до вашата веб страна, на следнава и-мејл адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;">Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; 

 

Преку следниов линк можете да пристапите кон интерактивната платформа: https://rabotodavaci.mk/ 

 

 

Доколку имате дополнителни прашања, ве замолуваме да не контактирате.

 

 

Со почит,

Тимот на ОРМ