"Камп на иновации"- Повик за бизнис волонтери

Почитувани менаџери и бизнис советници,

 

Во соработка со ЈА Macedonia, ве покануваме да бидете дел од настанот  "Камп на иновации" – натпревар на средношколци во претприемнички вештини, организиран од страна на Џуниор Ачивмент Македонија, кој ќе се оддржи на 26 ноември 2019 година, (вторник), во амфитеатарот на Универзитетот за Туризам и Mенаџмент во Скопје.

Кампот на иновации е еднодневен настан на кој учениците од средните училишта од целата земја работат во тимови за да најдат решение за поставениот бизнис предизвик. Тие ќе имаат пристап до интернет и ќе го искористат своето знаење, применувајќи "претприемачки" вештини и тимска работа за да најдат иновативни одговори за предизвикот.

Како истакнати менаџери и бизнис советници, доколку сте во можност да одвоите дел од вашето ценето време, можете да се пријавите да бидете ментор/бизнис волонтер на група на средношколци, за развој и подготовка на бизнис идеи. Вашиот ангажман би бил потребен на 26 ноември, во периодот од 10-14:30 часот.

Настанот ќе содржи:

- Тимска работа на учениците со бизнис волонтери; 

- Создавање на бизнис концепт;

- Презентации од секој тим пред жири комисија;

- Доделување на награди на победниците.

Бизнис волонтерите и учениците работат во предпладневниот дел додека останатите гости и жири комисијата се во попладневниот дел, по 15.00 часот кога учениците ги претставуваат своите идеи пред жири комисија и поканетите гости се до завршување на настанот во 19.00 часот.

 

Доколку сте заинтересирани да го споделите вашето искуство и да бидете бизнис волонтер, ве замолуваме да се пријавите на следниов мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;

 

Тимот на ОРМ