Присуство на ОРМ во медиумите- Интервју на Претседателот Димитров за Независен Весник

Систематизации на работните места за да се утврди дискриминација

 

Решението треба да се бара во измена на законските прописи и зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат за труд, смета Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.

-"За да може инспекторот да утврди ваков вид на дискриминација, тој треба да добие проценка за секое работно место и да утврди дали се работи за иста работа, со иста тежина и вредност или се работи за сосема различни работни места", вели Димитров.

Ваква дефиниција за забрана на дискриминација по основ на пол се среќава и во Конвенциите на Меѓународната организација на трудот, која нашата држава ја има ратификувано, и во Директивите на ЕУ.

-"Овие односи кај нас се регулирани со Законот за работните односи и со Колективните договори. Законот за работните односи во членовите 6 и 108, покрај другите видови на заштита од  дискриминација, предвидува дека жена и маж мораат да имаат еднаков третман т.е. еднаква, иста плата за еднаква работа. За да се примени заштитата од овој вид на дискриминација неопходно е сите работодавачи да имаат систематизации на работните места во кои ќе се изврши проценка на сите работни места во поглед на одговорноста, сложеноста и  тежината на работата, потребните знаења и искуство и условите каде се извршува таа работа. Само тогаш можеме да направиме контрола и да утврдиме евентуална дискриминација по основ на полот", потенцира Димитров.

Тој забележува дека во најголемиот број на микро и мали, а понекогаш и во средни претпријатија не постои систематизација на работните места со проценка на секое работно место.

-"Затоа и разните истражувања на овој проблем се сведуваат на разни анкети и перцепцијата на анкетираните за оваа појава", заклучува Димитров.

 

Повеќе информации за интервјуто на претседателот на ОРМ, г-дин Димитров, можете да најдете на следниов линк: 

https://nezavisen.mk/zakoni-za-ednakvi-plati-megju-mazhite-i-zhenite-ima-na-red-se-inspektorite/ 

 

 

Тимот на ОРМ