Обука на тема “ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА И ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА ПРЕКУ УПРАВУВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ НА НАСТАВАТА”

Почитувани,

 

На 10-ти Јули 2019 година, во просториите на "ООУ Мирче Ацев- Скопје" беше спроведена обука на тема “ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА И ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА ПРЕКУ УПРАВУВАЊЕ СО ЦЕЛИТЕ НА НАСТАВАТА”. Обуката беше во организација на ОРМ, а беше спроведена од страна на стручни лица од Здружението КОНТИНИУМ. Обуката претставува дел од потребната и пропишана доедукација на наставниците во основните и средните училишта. Обуката, исто како и претходните, беше организирана согласно меморандумот за соработка потпишан од страна на ОРМ и Континиум за спроведување на заеднички активности во полето на образованието.

На обуката учествуваа 44 наставници и дел од раководството на училиштетото. Сите учесници имаа можност да развијат компетенции во подрачјето на компетенции "Поучување и учење".

Во наредниот период, продолжуваме со имплементација на слични активности во други основни и средни училишта, согласно потпишаниот меморандум за соработка помеѓу двете организации/здруженија.

 

 

Тимот на ОРМ