Обука на тема “ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ”

Почитувани,

На 2-ри Јули 2019 година, во просториите на "ООУ Кочо Рацин- Скопје" беше спроведена обука на тема “ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦА ВО ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ”. Обуката беше во организација на ОРМ, а беше спроведена од страна на стручни лица од Здружението КОНТИНИУМ. Обуката претставува дел од потребната и пропишана доедукација на наставниците во основните и средните училишта. Обуката беше организирана согласно меморандумот за соработка потпишан од страна на ОРМ и Континиум за спроведување на заеднички активности во полето на образованието.

На обуката учествуваа 48 наставници и дел од раководството на училиштетото. Сите учесници имаа можност да развијат компетенции во подрачјето на компетенции "Социјална и образовна инклузија".

Во наредниот период, продолжуваме со имплементација на слични активности, согласно потпишаниот меморандум за соработка помеѓу двете организации/здруженија.

 

Тимот на ОРМ