Посета на Меѓународната организација на работодавачи (IOE)

Почитувани,

Претставник на извршната канцеларија на ОРМ, во својство на учесник на "Меѓународната обука за трудови и социјални политики за пристојна работа 2019", во организација на МОТ, оствари средба со Генералиот секретар на Меѓународната организација на работодавачи (IOE), г-дин Роберто Суарез и неговиот тим. Меѓународната обука се одржува во Женева, Швајцарија, во периодот од 30 Мај до 7 Јуни 2019 година.

На средбата, меѓу останатото, беше разговарано за продлабочување на соработката на IOE со организациите на работодавачи присутни на средбата, како и за ставовите на Меѓународната организација на работодавачи пред започнувањето на 100-та јубилејна Конференција на Меѓународната организација на трудот (МОТ). 

 

Тимот на ОРМ