Конференција за човечки ресурси "HR- The catalyst of transformation"

Почитувани,

 

Во согласност со потпишаниот меморандум за соработка со Македонската асоцијација за човечки ресурси (MHRA), ви ја споделуваме информацијата споделена од нивна страна во целост:

 

И оваа година традицијата продолжува! Македонската асоцијација за човечки ресурси ја организира 11-тата меѓународна конференција за човечки ресурси во Македонија:

"HR- The catalyst of transformation"

 

Со гордост можеме да објавиме дека оваа година, интернационалната HR конференција ќе се одржи на 

20-ти мај  - Интернационалниот HR ден! Во хотелот DoubleTree by Hilton, Скопје повторно ќе биде во центарот на HR случувањата, во регионот и пошироко! 

 

Регистрација:

Ексклузивна можност за членовите на ОРМ! Сите членки на ОРМ коишто ќе се регистрираат добиваат 7% попуст на износот на учество!

 

Имајќи предвид дека промената е единствената константа во денешното работно опкружување, на овогодишната конференција ќе се обидеме да ви дадеме увид и да ви претставиме разни добри практики кои може да се согледаат како поттикнувачки, но исто така и како пример за вашиот следен чекор и промени во вашата организација -или како менаџер со човечки ресурси, или како извршен директор. Како организациите да бидат поефикасни и успешни во нивната работа преку перспективата на човечките ресурси?

Дел од предавачите коишто ќе имате можност да ги слушнете на овогодинешната конференција се: 

Pino Mercuri - HR директор на Microsoft Италија. 

Martha Mylona - Сениор Директор на Korn Ferry Advisory и поранешен претседател на Greek People Management Association - GPMA.

George Pavlidis - Академски директор на постдипломски студии за клиничка невропсихологија и когнитивна невропсихологија на универзитето „Sheffield".

Jana Repansek - Директор на „Center of Excellence in Finance – CEF“

Danail Kanchev - Менаџер на бизнис операции во Receipt Bank. 

 

Целосната агенда на конференцијата можете да ја погледнете на: http://mhraconference.mk/

Конференцијата вклучува два дополнителни настани: 

 - HR Expo - Можност за консултантските компании, IT компаниите, центрите за обука, универзитетите, head-hunters, агенциите за вработување и агенции за привремени вработувања, издавачки куќи итн. имаат можност да ги презентираат и да ги покажат своите услуги , производи, програми и технологии кои можат да гo поддржат одделот за човечки ресурси и сите негови потреби во организациите.

- Вечерен настан - Доделување на наградата HR Mенаџер на годината за 2018 година. - Networking со учесниците и предавачите на конференцијата. 

 

Без разлика дали вашата работна позиција е Извршен директор, HR професионалец, HR специјалист, или ако сте член на невладиниот сектор, студент или едноставно сте вљубени во HR професијата, не ја пропуштајте оваа можност да учествувате на оваа конференција! 

 

Повеќе информации погледнете на: http://mhraconference.mk/

 

Регистрирајте се за учество на следниов линк: http://mhraconference.mk/en/register-3/?lang=en

 

 

Ќе ни биде особено задоволство доколку ни се придружите!