Управен одбор и Генерално собрание на ОРМ

Почитувани,

 

На 24 април 2019 година, со почеток во 13 часот, беше одржана 50-та седница на Управниот одбор на Организацијата на Работодавачи на Македонија. На седницата беа разгледани и едногласно усвоени извештаи за работата и финансиското управување на ОРМ за 2018 година. Исто така, беа презентирани програмата за работа и оперативниот план за 2019 година, кои беа усвоени од присутните членови на УО на ОРМ. Истовремено, за време на сесијата УО беше отворена дискусија за тековните активности што ги спроведува ОРМ, поврзани со Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за работни односи, Општиот колективен договор за стопанството и споделување на информациите за двата ИПА проекти кои ОРМ како носител и партнер, во моментов е вклучен во нивната имплементација.

По завршувањето на седницата на Управниот одбор, се одржа 17-та седница на Генералното собрание на ОРМ, каде едногласно беше усвоено извештајот од претходната седница на Управниот одбор на ОРМ.

 

 

Тимот на ОРМ