Дебата на тема "ПОТРЕБА ЗА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ИЛИ НОВ ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА"

Почитувани,

 

Од донесување на Законот за безбедност и здравје при работа, како и од основањето на советодавно тело на Владата, воделот на креирање и имплементација на политики во областа на безбедноста и здравјето при работа, поминаа 11 години.Воедно, ресорното Министерство за труд и социјална политика пристапи кон спроведување на активност за ревизија на истиот или потреба од подготовка на нов.

За таа цел, во рамките на проектот "Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ" – ЕuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, каде што ОРМ е партнер, Македонското здружение за заштита при работа-МЗЗПР, организира дебата во Хотел Дрим- Струга, каде што детално ќе се разгледуваат постоечките недостатоци во актуелното законско решение. Заклучоците од оваа дебата, во формa на конкретни предлози и препораки, ќе бидат доставени до Министертсво за труд и социјална политика. На дебатата, свое активно учество имаат и претставници на ОРМ, кои се воедно и членови на Националниот Совет за Безбедност и Здравје при работа.

 

 

Тимот на ОРМ