Работна средба во областа на БЗР

Почитувани, 

 

Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, на 21.03.2019 год.  во хотел Alexandar Square, организираше работна средба со претставници на организацијата на работодавачи на Македонија, стопанските комори и други релевантни фактори од бизнисот во областа на БЗР. Оваа работна средба се одржа во рамките на отпочнатиот процес на ревидирање и унапредување на законската рамка за безбедност и здравје при работа, 

На средбата се отвори дискусија во однос на досегашните активности и искуства на сите чинители од областа на БЗР, при што се стави посебен акцент на предлозите кои тие би ги имале за унапредување на сегашната легислатива и  подобрувањето на нејзината имплементација.

Оваа средба беше прва, во низата на планирани првични 3 вакви консултативни средби, кои ќе бидат организирани со претставниците на различните релевантни субјекти и заинтересирани страни во областа на безбедност и  здравје при  работа. Следуваат вакви средби и со претставници на работниците, како и со претставниците на стручните лица и експерти во областа на БЗР (безбедност при работа, медицина на  трудот, академската јавност).

 

 

Тимот на ОРМ