Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа

 

Почитувани,

 

Националниот совет за безбедност и здравје при работа и оваа година организира Избор за доделување на Национална награда на компанија со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа.

Целосниот повик за учество во Изборот за доделување на Национална награда за 2018 година можете да го најдете во рамките на оваа објава, заедно со формуларот за аплицирање.

Крајниот рок за пријавување на компаниите е 25 март 2019 година.

 

Наградата и оваа година ќе се додели во три категории:

- мали компании (до 50 вработени)

- средни компании (до 250 вработени) и

- големи компании (над 250 вработени)

 

Изборот ќе биде направен од страна на независна комисија составена од експерти во областа.

Пополнетите апликации треба да се достават до определениот рок на следните e-mail адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;  и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;

Свеченото доделување на годишните награди ќе се одржи во рамки на одбележувањето на „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април“.

 

 

Тимот на ОРМ