Национална програма за достоинствена работа 2019-2022

Почитувани,

 

На 6-ти Март 2019 година, на средба во Владата на Република Северна Македонија, претставници на Владата, Министерството за труд и социјална политика, Меѓународната организација на трудот (МОТ), синдикатите и организациите на работодавачите ја усвоија новата четиригодишна „Национална програма за достоинствена работа“. На средбата, единствената репрезентативна организација на работодавачи во државата- ОРМ ја претставуваше Претседателот, г-дин Ангел Димитров.

Станува збор за Програма која ќе ја спроведуваат споменатите институции и организации, во периодот од 2019 до 2022 година. Со Програмата ќе се реализираат активности во насока на креирање работни места, проширување на социјалната заштита, гарантирање на правото на работа и промоција на социјалниот дијалог. Оваа Програма ја поддржува реформска агенда што е утврдена во Програмата на Владата 2017–2020, а која се фокусира на развој на економијата и подигнување на животниот стандард. 

Дополнително, Програмата содржи и активности со чија реализација ќе се обезбеди неопходна поддршка на реформите на политиките и регулативата што се бараат во процесот на пристапување кон ЕУ, особено во однос на преговорите за Поглавјето 19 за вработување и социјални политики, за коишто МОТ ја става на располагање својата експертиза и искуство.

 

Повеќе информации можете да најдете на следниов линк: http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-carovska-preku-nacionalnata-programa-za-dostoinstvena-rabota-2019-2022-kje-sozdademe-povekje-i-pokva.nspx

 

 

Тимот на ОРМ