Состанок на ОРМ со претставници од Националниот совет за БЗР и МТСП

 

Почитувани,

 

На 5-ти Февруари 2019 година, во просториите на ОРМ, се одржа средба на претседателот на ОРМ, г-дин Ангел Димитров, и членовите на извршната канцеларија на ОРМ со претседателката на Националниот совет за безбедност и здравје при работа (БЗР) и претставници од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Тема на состанокот беше разгледување на досегашната соработка помеѓу советотот и ОРМ, како и планирање на следни активности кои работодавачите би можеле да ги имплементираат, со цел понатамошно унапредување на областа на БЗР, во соработка со другите организации/здруженија/ентитети кои се дел од Националниот совет. Со претставниците од МТСП беше дискутирано и околу програмата за работа на Владата на РМ за 2019 година, каде што е предвидено да се отпочне постапка за измени/изработка на нов закон за безбедност и здравје при работа.

 

Тимот на ОРМ