Меѓународна конференција за реструктурирањата на друштвата и нивните дилеми и предизвици во правaта на ЕУ, Австрија, Македонија и Србија


    На конференцијата која се одржа на Правниот факултет -Јустинијан први на 6 ноември во Скопје за проблематиката на реструктурирањата на друштвата на Тема: Помеѓу флексибилноста и сигурноста во услови на реструктуирање на друштвата  учествуваше Г-дин Ангел Димитров (претседател на Организацијата на Работодавачи на Македонија - ОРМ)
    Реструктурирањето е широк поим кој во суштина ја опфаќа реорганизацијата на трговските друштва (работодавачите) со цел да се избегне нивната инсолвентност, но тоа е насочено и кон подобрување на конкурентноста на друштвата.  Во првиот случај, реструктурирањето се поврзува со реорганизација во стечајна постапка, додека во вториот случај станува збор за реорганизација која се врши преку статусни промени, пренос на претпријатието или неговите делови, колективни отпуштања и слично.
    Г-дин Орде Ѓорѓиоски (претставник на ПИ “Витаминка” АД  Прилеп)-членка на ОРМ се обрати наТема: Постигнување компромис помеѓу потребата за реструктурирање на трговското друштво (работодавач) и неопходноста за заштита на работниците.

     А Г-дин Ивица Медарски (претставник на „Осигурување Македонија” јсц Vienna Insurance Group) членка од ОРМ зборувше за -Практични аспекти и разлики помеѓу статусните промени и преземањето на трговските друштва   

    Проблематиката на реструктурирањата на друштвата и нивните последици во однос на работниците, претставуваат значајни прашања кои се предмет на регулирање на правото на ЕУ. Тие претставуваат посебен предмет на интерес на европското трудово право, бидејќи во нив се „прекршуваат” ординатите на правото на друштва и трудовото право на ЕУ. Комбинацијата помеѓу правото на друштва и трудовото право и усогласувањето на економската и социјалната парадигма на Унијата претставуваат единствен начин за воспоставување на соодветен баланс помеѓу флексибилноста и сигурноста, како неопходни предуслови за постигнување на економски раст и заштита на вработените во исто време.
    Од аспект на правото на друштвата на ЕУ, реструктурирањето е предмет на регулирање на Третата, Шестата и Десетата компаниско-правна Директива на ЕУ со кои се уредува проблематиката на спојувања и поделби на друштвата на национално ниво и во прекугранични случаи. Покрај овие Директиви, реструктурирањето во рамките на компаниското право на ЕУ се анализира и преку Тринаесетата компаниско-правна Директива на ЕУ која се однесува на понудите за преземање.
    Појдовна премиса при уредувањето на реструктурирањата од аспект на трудовото право на ЕУ е дека „работниците не треба да ја платат цената од реструктурирањата на друштвата и воспоставувањето на заедничкиот пазар”. Во таа насока, правото на ЕУ ја уважува потребата на работниците да бидат заштитени од  негативните социјални последици кои се придружна појава при реструктурирањата на друштвата. Денес, правните импликации од реструктурирањето на друштвата во однос на правата на работниците, можат да се сублимираат преку три суштествени Директиви (Директивата 98/59 за колективни отпуштања, Директивата 2001/23 за заштита на правата на работниците во случај на пренос на претпријатие и Директивата 2008/94 за заштита на правата на работниците во случај на инсолвентност на работодавачот).