Н А С О К И За примена на Законот за минимална плата во Република Македонија

Министерство за труд и социјална политика
Државен инспекторат за труд
Организација на работодавачи на Македонија


Н А С О К И
За примена на Законот за минимална плата во Република Македонија (“Сл. весник на РМ” бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15 и 132/17)


Скопје, Септември 2017 год.


    Со цел воедначена  примена на Законот за минимална плата во Република Македонија, особено по донесувањето на Измените и дополнувањата на Законот, објавен во „Службен весник на РМ“ бр. 132/17, кои стапија во сила на 20.09.2017 год. Министерството за труд и социјална политика, Државнит инспекторат за труд и Организацијата на работодавачи на Македонија,  изготвија насоки за воедначена примена  на  Законот.
    1. Со измените и дополнувањата на Законот,  објавени во „Службен Весник на РМ“ бр. 132/17 во членот 2 се додадоа три нови става со кои се прецизира примената на  нормираниот учинок .
    2.Одредбите од членот 2
- став (2)  Нормираниот учинок се утврдува од страна на работодавачот, секоја година, во февруари, врз основа на критериуми на ефикасност на производниот процес, утврдени од страна на работодавачот во соработка со работниците, а кои критериуми мора да се исти за секоја техничко - технолошка целина кај работодавачот,
-став (3). -Нормираниот учинок од ставот (2) на овој член  треба да е остварлив за најмалку  80% од  бројот  на вработените за  секоја техничко - технолошка целина, пооделно.
 - став  (4) Работодавачот е должен, на крајот на секој месец,  на работникот да му издаде потврда за остварениот нормиран  учинок, заедно со писмената пресметка на платата и
-член  7-б, став  1 - Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок  на работодавач- правно лице ако:
-    не утврди   нормиран учинок  (член 2, став 2) и
-    не издаде потврда за остварениот  нормиран учинок  (член 2, став 4).”
Ставот (1) станува став (2),
се однесуваат само на работодавачите кои испаќаат плати во висина на минималната  плата  согласно Законот. 
3. Кај работодавачите за работни места   кои не се нормираат,   не се однесуваат  одредбите од Законот  за минимална плата за нормираниот учинок. 
     
4. Работодавачите кои исплаќаат плати повисоки од минималната, немаат обврска за утврдување на нормиран учинок согласно  Законот,  ниту пак обврска за издавање на потврди за остварениот нормиран учинок.
4.  Работодавачи кои имаат обврска, согласно Закон за минимална плата, да утврдат нормиран учинок, истото треба да го направат  со интерен акт во соработка со работниците  ( синдикална организација или преставник на вработените), со кој ќе ги утврдат критериумите на ефикасност на производниот процес.
5. Интерниот  акт, особено би требало да содржи:
- назив  на работните места за кои се врши нормирање;
-методот на нормирање  може да се  врши врз основа на примена  предхоно искуство, самостајни мерења, самостојни проценки   и сл.
-мерењето на резултатот, односно нормираниот учинок треба да е мерлив изразен во количини, време , вредност и сл.
6. Нормирањето може да се воведе само за работните задачи за кои обемот на работењето може егзактно да се измери.
7. Нормата по правило би требало да  се утврдува по работно место, а доколку двајца или неколку работници работат заедничка работа, кога  работата и работните задачи не може да се издвојат по поединечен работник, тогаш може се утврди и  групна норма.
8. Во случај кога работниот процес е прекинат не по вина на работникот (немање на работа, немање на репроматеријал,  расипана машина, немање на струја и др), работодавачот може да воведе евиденција за изгубеното време кое би требало да се пресмета врз основа на остварениот учинок од часовите кога работел .
9. Работодавачот е должен на крајот на секој месец, заедно со писмената пресметка на платата (најкасно до 15-ти во тековниот месец за минатиот месец) да му издаде писмена потврда на работникот за процентот на остварениот учинок. Кога процентот на остварениот нормиран учинок е наведен во месечната пресметка на плата, работодавачот нема обврска да издава посебна потврда.
10. Финансиската помош за исплата на минимална плата согласно членот 4-а, 4-б, 4-в и 4-г, се обебзедува за да се олесни исплатата на платите поради покачувањето на минималната кај работодавачиите кои во периодот јануари- март 2017 година ислаќале плати пониски од 11.500 денари.
 
НАПОМЕНА:
 Наведените насоки се донесени со цел да се олесни примента на Законот за минимална плата посебно во делот за нормираниот учинок, да се обезбеди воедначена примена и истите не се задолжителни за сите работодавачи.