2.Иницијатива за дополнување на работното законодавство за предвремено пензионирање на работници кои неможат да ги извршуваат работните задачи поради воздраста или намалентата работна способност

Иницијатива за дополнување на работното законодавство за предвремено пензионирање на работници кои неможат да ги извршуваат работните задачи поради воздраста или намалентата работна способност. Поднесена иницијатива  до  Министерството за труд и социјална политика
Кратко објаснување за иницијативата : Согласно утврдената потреба предлагаме измените  да се однесуваат на работниците кои се со старост до 3(три)  години пред oстварување  на  правото за редовно  пензионирање.Предлогот се состои во следното:

ВАРИЈАНТА 1
По барање на работникот во согласност на работодавачот или по барање на работодавачот со согласност на работникот, работодавачот да има право да го раскине договорот за вработување на  работникот кој има до 3 години старост до стекнување на правото на старосна пензија ,  со обврска да го обезбеди следното:
Да  исплаќа паричен  надоместок  за невработеност односно паричниот надоместок   би се исплаќал на лицето преку Агенцијата за вработување во времетраење до 3 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија, а работодавачот би ги надоместувал исплатените средства на АВРМ.
На испразнетото работно место да вработи друг работник кој ке биде од евидентираните невработени лица во АВРМ.
                               
Лицето за кое се однесува овој предлог и  кое има 3 години до остварување на старосна пензија, во Агенцијата за вработување ке се стекне со статус на невработено лице и паричните средства за придонесот за здравствено осигурување ке бидат обврска за обезбедување на државата.

ВАРИЈАНТА 2

По барање на работникот а со согласност на работодавачот или по барање на работодавчот а со согласност на работникот, работодавачот да го раскине Договорот за вработување и работникот да се стекне со право на пензија најмногу три години пред исполнувањето на правото на старосна пензија според Законот за пензиското и инвалидското  осигурување.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе издаде решение за висината на пензијата на работникот согласно одредбите на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Работодавачот ќе склучи Договор со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со кој ќе се обврзе дека секој месец на Фондот ќе му ги надоместува исплатените средства на име пензија на работникот.