Иницијатива за Предлог измена за Законот за нотаријат и Законот за извршување

Согласно заклучоците од оставарените работни средби со нашето членство изминатата  и ова година од кои средби произлегоа квалитетни предлози  за подобрување на економско социјалнта свера и согласно заклучоците на Управните одбори  со работните групи досега ги  припремивме и до новата Влада ги поднесовме следниве  Предлог Иницијативи  :

1.    Иницијатива за Предлог измена за Законот за нотаријат и Законот за извршување . Поднесена иницијатива до Уставен суд и до Претседател на Влада, Министерство за правда и Министерство за труд и социјална политика
Кратко објаснување за иницијативата : Со неколку спорни одредби во законите кои ја регулираат нотарската и извршителската дејност, кои стапија во сила од почетокот на оваа година, неправедно им е оневозможено на правниците кои работат во компаниите да ги застапуваат интересите на своите компании, затоа што со овие закони тоа право им беше ексклузивно дадено само на адвокатите. На ваков начин, не само што неоправдано се фаворизираат адвокатите, на сметка на правниците во компаниите, туку и директно се зголемуваат трошоците на компаниите што влијае на намалување на нивната конкурентност на пазарот. Дополнително, со спорните одредби од Законите за извршување и за нотаријат се укинува правото на компаниите непосредно и самостојно да го изберат наједноставниот и најефикасниот начин на правна заштита и застапување во постапки пред нотар или во извршната постапка.