Одржана 106 та седница на Меѓународната конференција на МОТ

Трипартитната делегација  составена од Социјалните партнери на РМ,г-ѓа Мила Царовска министерка  за труд и социјална политика, претседателот на ОРМ,Г. Ангел Димитров, претседателот на ССМ, Г. Живко Митревски,  и генералниот секретар на КСС,Г. Зоран Антовски, учествуваа  на Генералната конференција на МОТ, во Женева од 13 до 16 Јуни.
 
На  Меѓународната конференција на МОТ  беше презентиран извештајот за Република Македонија од  министерката  за труд и социјална политика, г- ѓа Мила Царовска,  обраќајќи се  пред присутните делегати.

На 106 та  седница на Меѓународната конференција на МОТ, беа разгледувани повеќе активности и извештаи на органите и телата на МОТ, беше усвоен извештајот за работењето на МОТ, како и финансиското работење, а беа разгледувани и извештаите на претседателите на групите на влади, работодавачи и групата која ги претставува работниците.Главната порака која се  назначи   оваа година се  предизвиците со кои се соочуваме во животната средина, поддржувајќи ја идејата дека клучните столбови за успешна транзиција е соодветна регулатива преку трипартитно учество на социјалните партнери, со нагласување на  обврската на МОТ за справување со нееднаквостите и создавањето на пристојни работни места.