СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ОДРЖЛИВИ РАБОТНИ МЕСТА

 
Членовите на Економскосоцијалниот
совет се согласни дека предизвиците со кои се соочува земјата поврзани со долготрајната политичка криза не треба да
се пречка за остварување и натамошно динамизирање на трипартиниот социјален дијалог.
На последната седница на Економскосоцијалниот
совет, ЕСС, од 20 ти Март, претставниците посочија дека во
идниот период ќе обрнат посебно внимание на зголемувањето на минималната плата што ќе го
договараат социјалните партнери. „Растот на платите мора да продолжи, во спротивно ќе
останеме без работници. Во изминатиот период се зголемуваа платите во речиси сите дејности,
особено во трудоинтензивните, но треба да е јасно дека тоа не е само резултат на Законот за
минимална плата, туку повеќе е поради недостигот од работници, што ги принудува
работодавачите да даваат поголеми плати", вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата
на работодавци на Македонија, ОРМ. Тој додава дека и ВМРОДПМНЕ
и СДСМ јавно се изјаснија дека се за поголем минималец, па по формирањето на новата влада ќе има измени на Законот во
насока на зголемување на сумата. При тоа, иако партиите одат со суми од 300 или 400 евра
минималец, прифатливиот износ за работодавците би бил 200 евра. Но, најверојатно, според
Димитров, повторно ќе се оди на варијантата на негово сукцесивно вградување за
трудоинтензивните дејности, како што е и со сегашниот Закон кој одложено се применуваше за
овие сектори. Димитров нагласува дека е веќе променета свеста кај поголемиот дел од
работодавачите за висината на платата што ја даваат. Односно дека се помал е бројот на оние
кои исплаќаат по 200 евра плата, затоа што со тоа ризикуваат да не го задржат работникот.
„Веќе на пазарот се чувствува некој вид на натпревар меѓу работодавците за добри работници,
затоа што изборот е стеснет, односно се помалку на пазарот може да се најде добар работник",
посочува Димитров.

Разгледување на постигнатите резултати од досегашното функционирање на трипартитниот
социјален дијалог на национално и локално ниво, како и утврдување на можностите и
приоритетните области за делување во следниот период, беа главните теми на седницата на
Економскосоцијалниот
совет со која претседаваше министерот за труд и социјална политика,
Ибрахим Ибрахими, а во која активно се вклучија и претставниците на репрезентативните
социјални партнери – Организацијата на работодавачи на Македонија, Сојузот на синдикатите
на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. „Членовите на
Економскосоцијалниот
совет се согласни дека предизвиците со кои се соочува земјата поврзани
со долготрајната политичка криза не треба да се пречка за остварување и натамошно
динамизирање на трипартиниот социјален дијалог. Времето до формирањето на новата Влада
треба ефективно да се искористи за да се поттикне имплементацијата на веќе усвоените
економски и социјални политики, но и да се договорат следните чекори кои треба да овозможат
натамошен економскиот раст на земјата, преку привлекување нови инвестиции, создавање нови
работни места и гарантирање на стабилноста и одржливоста на постојните, со цел подигнување
на животниот стандард на сите граѓани и севкупен напредок на земјата“, изјави министерот за
труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, во својство на претседател на Економскосоцијалниот
совет (ЕСС). Осврнувајќи се на функционирањето на ЕСС во изминатиот период,
министерот Ибрахими констатираше дека e постигнат евидентен напредок, како во неговото
институционално зајакување, така и во остварувањето на неговата основна советодавноконсултативна
улога при креирањето и имплементацијата на економските и социјалните
стратегии и политики. Во овој дел, членовите на ЕСС разгледаа и дадоа мислења, препораки и
поддршка за имплементација на повеќе проекти од економскосоцијалната
сфера, како што се:
проектот „Македонија вработува“, Акцискиот план за вработување на млади за периодот 20162020,
измените и дополнувањата на законите за вработување и осигурување во случај на
невработеност, за минималната плата, за пензиско и инвалидско осигурување, како и за
донесување на Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните и на Законот за
национална база на податоци за лица со инвалидност. Членовите на ЕСС го констатираа и
евидентиот прогрес во јакнењето на институционалните капацитети на Советот за што беа
реализирани голем број активности во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот
дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на
трудот (МОТ). Благодарение на поддршката и експертизата од МОТ формиран беше секретаријат,
како работно тело на Советот, кој доби целосно опремени и функционални работни простории, а
изготвени се и деловник, годишна програма за работа и комуникациска стратегија на ЕСС, како
и трипартитни акциски планови за подобрување на социјалниот дијалог и за колективното
договарање. Поставен е и целосно функционален систем за управување и регистар за
евиденција на случаи на мирно решавање на работни спорови, а во тој дел беше организирана и
обука за членовите на трипартитната комисија за издавање лиценци на помирувачи и арбитри
во работни спорови. Дополнително, за членовите на ЕСС, на неговиот секретаријат и
ноформираните работни тела, беа организирани и ефективни обуки за креирање и
спроведување на политики за вработување, за плати, вклучувајќи и минимална плата, за
имплементација на меѓународните стандарди за трудот, родовата еднаквост и
недискриминација, како и обуки од областа на макроекономијата, неформалната економија,
безбедноста и здравјето при работа, социјалната сигурност и управувањето со проектни
циклуси. За претседателот и членовите на Економскосоцијалниот
совет, сите овие реализирани
активности претставуваат солидна основа за натамошно успешно функционирање на ова
институционално тело во насока на поефикасно остварување на неговата клучна улога и мисија
– јакнење на дијалогот меѓу репрезентативните претставници на работниците, работодавачите и
Владата, заради постигнување социјална стабилност и динамичен економски развој на земјата.