БРЗА РАЗРЕШНИЦА НА КРИЗАТА, ЗА ДА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРА БИЗНИСОТ

Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија  г. Ангел Димитров гостуваше на емисијата Бројки  на Радио Слободна Европа.
Ви пренесуваме дел од неговото интервју.
Ако  економијата лани пораснала за скромни 2,4 проценти тоа е
под прогнозите. Политичката криза почна сериозно да и штети на економијата. Бизнис секторот
алармира дека разрешница мора да има во краток рок, во спротивно бројките и натаму ќе се намалуваат,
ќе сопрат и домашните и странските инвестиции, а ќе се намалува и потрошувачката која има
најголемо учество во БДП.Значи неопходна е брза разрешница на кризата, за да може да
функционира бизнисот. Да надвладее разумот, за да заврши апатијата која трае над две
години се барањата на  стопанствениците. Во моментов, нема ни странски ни домашни инвестиции.
Компаниите се воздржуваат од вложување, од проширување на капацитетите, од нови
вработувања, од земање кредити, од освојување нови пазари, па дури и граѓаните од трошења.
А токму личната потрошувачка е таа која учествува со 64% во креирање на БДП.
Сметам дека општо земено сите се воздржуваат од потрошувачка,
дури и граѓаните. И граѓаните во ваква политичка нестабилност на еден начин потешко се
одлучуваат да земат кредит за автомобил или за стан, викаат ајде да видиме што ќе се случи
понатаму, малку да се смириме да почекаме, што влијае на потрошувачката и автоматски и на
растот на економијата. Значи БДП во секоја држава дел од растот на БДП е од потрошувачката
на граѓаните. Покрај политиката, врз економијата влијаат и случувањата на нашите најголеми
трговски партнери. Ако кај нашиот најголем соработник, Германија, економијата
расте, ќе расте и кај нас. Државната статистиката денеска објави дека Бруто домашниот
производ лани изнесувал 2,4%, или за толку пораснала економијата. Очекувањата на Владата
беа крајот на годината растот да изнесува 2,7%.Сепак, кризата, ги стопи проекциите. Најголем
пораст е забележан во градежништвото, над 28% Значителен пад, од 10,4% во последниот
квартал минатата година е забележан кај бруто инвестициите , што се одрази вкупните
инвестиции крајот на годината да паднат за 4,3%. Извозот лани пораснал за 11,5 %, додека
увозот на стоки за 7,6%.
 На изјавата на г. Али Ахмети  дека кризата може
да трае и 4 години, за работодавачите   тоа би била  катастрофа, тоа е погубно за бизнисот. Ние живееме во општество
каде без министер или заменик министер, не функционира државната администрација. Нас ни
треба и професионална администрација, партиски независна,затоа треба Разумот да надвладее, политичката криза да се реши, за да
не трпи бизнисот.