Промовиран нов пакет предлози и мерки за унапредување на бизнис климата и конкуретноста на домашните компании од ОРМ

Скопје, 03.03.2017 – Владеење на правото и елиминирање на митото и корупцијата, квалитетна регулатива во чие изготвување активно ќе учествува и бизнис заедницата, елиминирање на нелојалната конкуренција и изедначување на условите за работење на компаниите, зголемување на можностите за пристап до финансиски услуги и еднаков третман на домашните претприемачи и странските инвеститори.
Ова се дел од клучните препораки и предлог-мерки на домашните бизнисмени и работодавачи содржани во петте предлог-политики за унапредување на бизнис климата во нашата земја, во чие изготвување активно се вклучи Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), како една од активностите во рамки на Проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.
На формулирањето на овие мерки и предлог-политики работевме подолг временски период, трпеливо слушајќи ги потребите на оние што инвестираат во развојот на бизнисот и креираат стабилност на работните места во земјата. Можам да потврдам дека овие предлог-политики ќе бидат основа за идното делување и дијалог со социјалните партнери што ќе го иницира Организацијата на работодавачи на Македонија заради унапредување на бизнис климата во земјата и зголемување на конкурентската способност на домашните компании - рече претседателот на ОРМ Ангел Димитров по денешното претставување на предлог мерки пред социјалните партнери. Во Македонија не значи дека само со штампање нови закони ќе ја подобриме бизнис климата, туку со подобра имплементација на законските решенија - рече Димитров посочувајќи го како пример Законот за безбедност и заштита при работа кој е добар но не ги дава ефектите, како и измените на Законот за прекршоци.

Во предлог политиките се содржани и мерки кои се однесуваат на малите и средните претпријатија, да се стимулираат не само странските, туку и домашните фирми, да се поттикнуваат младите на претприемништво, претставени во презентациите на работодавачите-членки на ОРМ и тоа, за политики за овозможувачка правна средина -Г. Љупчо Фармаковски,за владеење на правото- Г-а. АнчеВладичевска, за потикнување на лојална конкуренција - Г.Томе Петковски и
 за политики за развој на претприемачката култура-Г-а. Никица Кусиникова

Томе Петковски потенцира дека треба да се земат предвид сериозно предложените мерки кои ќе придонесат кон економски развој. Тој се осврна на нелојалната конкуренција на нејзино формализирање, како и изедначување на странските и домашните инвеститори.
„Пакетот предлог-политики содржи голем број мерки групирани во пет значајни области кои имаат големо влијание на развојот на бизнисот, како што се: владеење на правото, лојалната конкуренција, пристапот до финансии, правната сигурност и претприемачката култура. На формулирањето на овие мерки и предлог-политики работевме подолг временски поериод, трпеливо слушајќи ги потребите на оние што инвестираат во развојот на бизнисот и креираат стабилност на работните места во земјата. Можам да потврдам дека овие предлог-политики ќе бидат основа за идното делување и дијалог со социјалните партнери што ќе го иницира ОРМ заради унапредување на бизнис климата во земјата и зголемување на конкурентската способност на домашните компании“, изјави претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, на првата јавна презентација на новите предлог-политики за побрз економски развој во земјата.
Помеѓу презентираните мерки содржани во новите предлог-политики се и оние кои се однесуваат на: зголемување на транспаретноста и контролата на јавните набавки, зајакнување на квалитетот на инспекцискиот надзор, избегнување на често менување на регулативата и намалување на административниот товар за нејзино спроведување, ревидирање на задолжителните трошоци за водење бизнис, зголемување на можностите за пристап на домашните компании до ЕУ - фондовите, развивање на нови финансиски услуги и продукти, како и мерки за обезбедува ефективна поддршка на новосоздадените бизниси, немасто нивна пререгулација и ограничување.
Презентираните предлог-политики содржат и неколку конкретни иницијативи, како што е онаа за подготовка и донесување на нов закон за работни односи што ќе биде во насока на унапредување на соработката меѓу работниците и работодавачите, како и поефикасна контрола на примената на регулативата и на инспекцискиот надзор.