Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ

 

 


Времетраење: Февруари 2011 – февруари 2012

Финансирање: договор IPA 2011/260-944

Вкупен износ на проектот: 50 362 евра

имплементатор: OРМ во партнерство со Регионална развојна агенција СП - Словачка

Општа цел

Обезбедување на поголеми капацитети на ОРМ и подигање на свесноста на јавноста за местото на работодавачите како социјален партнер во предпристапнитиот процес кон ЕУ, за ОРМ да стане професионално тело и компетентен социјален партнер способен да се справи со барањата и предизвиците на социјалниот дијалог на национално и ЕУ ниво и да придонесе во постигнувањето на стратешките цели на земјата во економската и социјална сфера.

  • Поддршка  за градење на местото на ОРМ во општеството и нејзината улогата на социјален партнер кој ги претставува работодавачите во рамки на ЕУ-интегративниот процес, преку учење од словачкото искуство;
  • Подобра видливост и имиџ на ОРМ меѓу бизнис секторот и граѓанското општество во функција на признат социјален партнер за водење на преговори и колективно договарање со синдикатите и организација која е дел од Економско-социјалниот совет;
  • Поставување на механизам за континуирано и активно доставување и размена на информации меѓу членовите на ОРМ, другите социјални партнери, државната администрација, ЕУ членките и  Европската комисија.

Целна група

Примарна целна група:

-      Членките на OРM

-      Донесувачите на одлуки и креатори на мислења во ОРМ

-      Стручната служба на ОРМ

-      Професионалци кои се занимаваат со социјалниот дијалог

-      Потенцијални обучувачи

Секундарна целна група:

-      Медиуми,други здруженија и социјални партнери, Владини тела и локална самоуправа

Главни активности

-      Техничко и кадровско доопремување на ОРМ

-      12 настани: 5 во Скопје, Струмица, Прилеп, Битола, Куманово, Тетово, Свети Николе, финална конференција во Скопје

-      Подготовка на 3 квартални електронски весници

-      Публикување на брошура за “Местото и улогата на организациите на работодавачи во ЕУ

-      Подготовка на “Глобална стратегија на ОРМ”

-      Стратегија за комуникација и акционен план

постигнати резултати

-      Подигната свесност во јавнoста и меѓу членките на ОРМ за улогата на организациите на работодавачи во ЕУ интегративниот процес

-      Дата база на членките, потенцијални членки

-      Дефинирани услуги на ОРМ и подобрен професионален пристап во комуникацијата со јавноста

-      Глобална стратегија за услуги на ОРМ

 

ВЛИЈАНИЕ НА ПРОЕКТОТ

Постигнатите резултатите на проектот имаат подеднакво поволно влијание за капацитетите на социјалните партнери (ОРМ) и за напорите да се постигне функционален социјален дијалог како значаен сегмент од напредокот кон пристапувањето во ЕУ.

Проектот е финансиран од Европската Делегација за ОРМ со договор број ИПА 2011/260-944