Интернационално делување

Меѓународна организација на трудот - Intenational Labour Organisation  

Како репрезентативна организација на работодавачи, ОРМ ги претставува работодавачите во Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева и учествува на годишната светска конференција на која се донесуваат нови конвенции од областа на работни односи, а истите покасно ги ратификуваат владите на земјите учеснички.

 

ЕУ - Македонија, заедничкиот консулативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество

ОРМ има две од четири места за работодавачите во овој комитет кој разгледува прашања од економско-социјален интерес кои се предлагаат од двете страни и кои се поврзани со процесот на интегрирање во ЕУ, зајакнување на соработката меѓу ЕУ и граѓанското општество. Зедничкиот комитет се состои од асоцијации на работодавачи, сидникати и невладини организации и членови од Европскиот економско социјален комитет.