Едукативна тренинг платформа на ОРМ

Нова едукативна тренинг платформа на Организацијата на работодавачи на Македонија

Надградбата на знаењето и вештините на вработените е во фокусот на секој работодавач кој очекува прогрес и развој на својот бизнис. Токму ова е една од основните мотивации на Организацијата на работдавачи на Македонија, која со својата нова е-платформа нуди уникатни, висококвалитетни обуки кои ги вклучуваат сите техники, вештини и знаења кои овозможуваат постигнување успех на професионален план. Е-платформата, со својот уникатен пристап и методологија е една од ретките дигитални платформи за обуки со фокус на компаниите од приватниот но и на јавниот сектор. 

Како дел од својата палета на обуки, е-платформата на Организацијата на работодавачи на Македонија нуди: бесплатни курсеви, еднодневни и тридневни обуки. Учесниците кои ќе бидат дел од едукативната тренинг е-платформа на ОРМ ќе имаат можност низ целосно дигитализирани обуки со снимен видео материјал, да се стекнат со практични тренинзи и искуства. ОРМ ја вклучува и можноста учесниците во секое време да имаат пристап до обуките, сè со цел да се овозможи поефикасно совладување на истите.

Сите учесници ќе имаат можности за додатни прашања и информации кои им се потребни, а по завршувањето на одредени обуки тука е и тестот за проверка на знаењето како и дигиталниот сертификат. Покрај ова, ОРМ вклучува и додатни вебинари и најнови образовни технологии како дел од нивната нова е-платформа. Оние кои ќе бидат заинтересирани за деталите и можностите кои ги нуди Е-платформата на Организацијата на работодавачи на Македонија можат да ја искористат можноста да станат дел од истата преку едноставна регистрација на профил на страницата http://www.etp-orm.org.mk/

Компаниите имаат можност да купат поединечна сертифицирана обука во висина од 10.000 денари или пак да изберат еден од пакетите со кој би можеле да добијат повластени цени и одредени попусти во зависност од изборот на пакет.

Основен пакет Медиум Пакет Премиум пакет
Бесплатни обуки и работилници
Сертифицирани обуки
Бесплатен банер на ЕТП на ОРМ 2 месеци  12 месеци 
Цена 27.000 денари 42.500 денари 64.000 денари
Цена за членки на ОРМ 22.950 денари 36.125 денари 54.400 денари