КОВИД19

АНАЛИЗА НА ОРМ

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) спроведува анкетно истражување коетреба да даде попрецизнаслика за обемот и последиците од намалената економска активноство земјата предизвикана од кризата со пандемијата.

  • Соопштение до јавноста од ОРМ, април, 2020,
  • Соопштение, мај, 2020,
  • Соопштение, мај, 2020,
  • Соопштение, јуни, 2020,
  • Соопштение, јуни, 2020

СООПШТЕНИЈА

ОРМ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ НОВИ МЕРКИ ЗА БИЗНИСОТ ЗАРАДИ НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКА ОД КОВИД-19

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) спроведува анкетно истражување кое треба да даде попрецизна слика за обемот и последиците од намалената економска активност во земјата предизвикана од кризата со пандемијата

Истражувањето се спроведува по електронски пат, преку анкетен прашалник кој е доставен до членките на ОРМ, а истиот е достапен и за останатите компании преку линкот: https://www.surveymonkey.com/r/org-rabotodavaci. Целта е што поголем број микро, мали, средни и големи компании од сите сектори да дадат информации за нивна тековна состојба и мерките што ги преземаат за да ги ублажат проблемите со кои се соочуваат во актуелната криза, како и за видот на поддршка што тие ја очекуваат од Владата.

Врз основа на повратните информации што ќе се добијат преку ова истражување, Организацијата на работодавачи на Македонија ќе ги идентификува итните потреби на бизнисот и соодветно ќе ги преточи во предлози до Владата кои треба да послужат при креирање на новите економски мерки за справување со актуелната криза.

„Нашето предвидување кое се темели на досегашните сознанија и  комуникацијата што ја имаме со членките е дека скоро сите компании ќе претрпат одредена штета од кризата предизвикана од Ковид-19. Кај некои тоа ќе биде како резултат на воведените ограничувања и забрани од Владата кои најмногу ги погодија фирмите од услужните дејности, кај други заради отсуството од работа на голем дел од работниците, кај некои пораки застој во снабдувањето со репроматеријали, а кај повеќето заради намалената потрошувачка. Сепак се надеваме дека падот на севкупната економија, изразено преку БДП по жител, ќе биде помал во споредба со поразвиените земји, поради фактот што и пред кризата немавме некои високи стапки на раст и тој се темелеше на растот на индустријата и извозот, а не на огромни инвестициони вложувања во инфраструктурата“, вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров. „Очекуваме дека наскоро пандемијата ќе биде ставена под контрола и дека Владата час поскоро ќе почне со олабавување на ограничувањата со што постепено ќе се нормализира животот, а во тие рамки и економските текови. Ние како организација сме подготвени и понатаму активно да учествуваме во креирање на плановите и мерките што ќе следуваат во наредниот период“, потенцира Димитров.

Инаку, Организацијата на работодавачи на Македонија уште од почетокот на кризата предизвикана од вирусот Ковид-19, преку учество во националниот економско-социјален совет, националниот совет за безбедност и здравје при работа и други тела, поднесе свои предлог мерки и активности до државните институции, со цел полесно надминување на вонредната ситуација. Значителен дел од предложените мерки од ОРМ беа прифатени од страна Владата и беа преточени во активни мерки и уредби. Таквите се на пример мерките кои се однесуваат на примената на Законот за работни односи во делот на исплатата на платите на работниците во услови кога на компаниите им е оневозможено да работат и да ја обавуваат својата дејност, како и мерките преточени во уредби кои се однесуваат на финансиската поддршка за компаниите и работодавачите од приватниот сектор кои се соочуваат со пад на приходите, а кои ќе овозможат исплата на плати и придонеси за работниците и ќе го спречат загубата на работни места.

Истовремено, ОРМ редовно на својата интернет страница www.orm.org.mk ги објавува сите информации, мерки и уредби на надлежните институции, а нуди и дополнителна асистенција и насоки за сите компании за тоа како да се користат мерките со цел полесно и со помали последици да се надмине оваа криза.

ТРЕТИОТ СЕТ ВЛАДИНИ МЕРКИ Е ДОБАР, НО БЕЗ МОЖНОСТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА,ОСТАНУВА САМО КАКО ДОБРА ИДЕЈА

Работодавачите веќе имаат изградено став за првиот и вториот сет на економски мерки кои ги донесе Владата, бидејки нај големиот дел од нив веќе се реализираат.

Обезбедените бескаматни кредити преку Развојната банка на Северна Македонија не беа доволни и штета што голем број на компании кои ги исполнуваа условите не можеа да добијат финансиска помош. Но Владата по тоа обезбеди нови средства а исто така и во третиот сет економски мерки се обезбедуваат нови 31 милион евра за подршка на жените, младите и дигитализација во бизнисот.

Што се однесува на вториот сет на мерки, после неколку измени тие ја добија конечната верзија која преставува компромис во кој се земени интересите и на работниците и на работодавачите. Управата за јавни приходи успеа иако со многу труд и мало закаснување да го изготви потребниот софтвер за пресметка на платите и добивањето на субвенцијата од 14.500 денари и на изненадување на работодавачите уплатата на средствата од државниот буџет многу бргу се реализираа.

Се надеваме дека овие мерки ќе допринесат за што по мал број работодавачи ги напуштат вработените и што помал број на компании доживеат стечај и ликвидација. Ова е многу важно, затоа што, новото стартирање на бизнисот на активните компании ќе биде многу по лесно, отколку затварање на стечајната постапка која е долг и макотрпен процес.

Што се однесува на најавениот  трет пакет економски мерки иако тој најмногу е насочен кон граѓаните и социјално нај загрозените групи, сепак поголемиот број од нив посредно позитивно ќе влијаат и на стопанството. Сите видови помош на граѓаните преку платежни картички, ваучери или парични износи позитивно ќе влијаат на домашната потрошувачка и  на зголемувањето на продажбата на домашни производи и услуги. Затоа е неопходно, при конечното дефинирање на мерките да се внимава тие да се однесуваат за купување на домашни производи или услуги, а не на увозни. Затоа што со купување на увозни производи ги помагаме странските компании и го нарушуваме билансот на плаќање на Северна Македонија.

Мерките кои директно се насочени кон стопанството би требало да ги надополнат првиот и особено вториот сет на мерки. Така обезбедените нови 31 милион евра преку Развојната банка на Северна Македонија би овозможиле да се стекнат со помош и оние фирми кои поради недостаток на средства не успеаја да ја добијат од првиот пакет на економски мерки. Конечно се планира и државна гаранција за комерцијални кредити за подршка на Старт ап, мали и микро компании-мерка која години наназад ја бараме. Се планирани и 25 милиони евра за нови пазари, конкурентност и модернизација, кои се неопходни за заживување на стопанството после кризата.

Се разбира ова се нашите првични мислења по изнесените мерки, но конечниот став ќе може да го кажеме откако тие ќе бидат преточени во Уредби со законска сила, затоа што во уредбите понекогаш се предвидуваат некои критериуми кои преставуваат пречка за користење на мерките, па така и добри идеи на Владата добиваат лоша реализација. Затоа е неопходно пред нивното конечно објавување Владата да се консултира со бизнис заедницата.

УРЕДБИТЕ ОД НОВИТЕ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ДА БИДАТ УСОГЛАСЕНИ СО БИЗНИСОТ

Најавениот трет пакет економски мерки за ублажување на штетите од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата се очекува да има позитивно влијание врз стопанството. Ова е првичната оценка на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) врз основа на досега објавени информации од страна на Владата во врска со новиот пакет мерки.

„Конечниот став ќе може да го кажеме откако најавените мерки ќе бидат преточени во Уредби со законска сила, затоа што во уредбите понекогаш се предвидуваат некои критериуми кои преставуваат пречка за користење на мерките, па така и добри идеи на Владата добиваат лоша реализација. Затоа е неопходно пред нивното конечно објавување Владата да се консултира со бизнис заедницата“, изјави претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Според ОРМ, мерките од третиот пакет кои директно се насочени кон стопанството би требало да придонесат што повеќе компании погодени од кризата да ја одржат својата економска активност и да го рестартираат бизнисот, со што би избегнале стечај, ликвидација и отпуштање на сите свои вработени.

„Со најавените нови 31 милион евра кои во форма на безкаматни кредити би се пласирале преку Развојната банка на Северна Македонија би овозможиле поддршка и за оние фирми кои поради недостаток на средства не успеаја да добијат помош во рамки на првиот и вториот пакет економски мерки. Конечно се планира и државна гаранција за комерцијални кредити за поддршка на старт-ап, микро и мали компании – мерка која години наназад ја бараме, а планирани се и дополнителни 25 милиони евра како поддршка на компаниите за модернизација, зголемување на нивната конкурентност и освојување нови пазари. Ова се мерки кои сметаме дека се неопходни за заживување на стопанството после кризата“, вели Димитров.

Организацијата на работодавачи на Македонија оценува и дека предвидената финансиска поддршка за граѓаните и социјално ранливите групи преку платежни картички и ваучери ќе има позитивно влијание на домашната потрошувачка и на зголемувањето на продажбата на домашни производи и услуги.

„Неопходно е при конечното дефинирање на овие мерки да се внимава тие да се однесуваат за купување на домашни производи или услуги, а не на увозни, затоа што доколку државата го стимулира купувањето на увозни производи ќе го зголеми трговскиот дефицит, ќе го наруши платниот биланс на земјата и ќе се намали очекуваниот позитивен ефект врз домашната економија“, смета претседателот на ОРМ.

ОРМ е единствен репрезентативен член на работодавачите во националниот економско-социјален совет, каде уште од почетокот на актуелната криза поднесува предлози за полесно надминување на последиците врз домашната економија. Истовремено, ОРМ редовно на својата интернет-страница www.orm.org.mk ги објавува сите информации, мерки и уредби на надлежните институции, а нуди и дополнителна асистенција и насоки за сите компании за тоа како да се користат мерките, со цел полесно и со помали последици да се надмине оваа криза.

Активностите на Организацијата на работодавачи на Македонија се поддржани од Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, што е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).

ОРМ:ШТЕТИТЕ ВРЗ БИЗНИСОТ ЌЕ БИДАТ УШТЕ ПОГОЛЕМИ ДОКОЛКУ СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД-19 НАСКОРО НЕ СЕ ПОДОБРИ

ОРМ ОЧЕКУВА УСПЕШНИ ИЗБОРИ И БРЗО ФОРМИРАЊЕ НА СТАБИЛНИ ИНСТИТУЦИИ КОИ ЕФИКАСНО ЌЕ СЕ СПРАВАТ СО ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД КОВИД-19 КРИЗАТА

Скопје, 19.06.2020 – Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) ги повикува политичките партии што учествуваат на претстојните парламентарни избори, во своите изборни програми да понудат конкретни решенија за надминување на економските и социјалните последици од Ковид-19 пандемијата. ОРМ очекува изборите да бидат успешни и да овозможат брзо формирање на стабилни институции кои, преку ефективен социјален дијалог со работодавачите и синдикатите, ќе креираат адекватни економски мерки и политики за надминување на актуелната криза.

Резултатите од анкетата што неодамна ја спроведе ОРМ покажаа дека Ковид-19 кризата има големо влијание кај над 80% од домашните компании, а дури 40.000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик. Над 70% од анкетираните компании сметаат дека за да ја одржат својата економска активност потребно е да продолжи државната помош и истата да се прошири со даночни олеснувања и дополнителна кредитна поддршка.

„Анкетата јасно покажува дека бизнисот смета на понатамошна поддршка од државата во надминувањето на последиците од актуелната криза, што станува сосема јасно дека ќе биде долготрајна и ќе зафати многу сектори. За да се даде соодветен одговор на тековните и идните предизвици неопходни се силни институции, а предуслов за тоа е брзо формирање на стабилна Влада и функционално Собрание кои ќе работат на реализација на економска програма која ќе содржи ефикасни решенија за наминување на последиците од актуелната криза и враќање на патеката на економски раст. За да се креира и спроведе ваква економска програма неопходно е политичките партии уште во изборната кампања да ја стават економијата како еден од врвните приоритети и да понудат јасни и конкретни предлози“, вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Истовремено, ОРМ апелира до своите членки и целокупниот бизнис сектор во земјата да преземат одлучни чекори со кои ефикасно ќе ги адаптираат своите деловни активности и процеси кон економските текови предизвикани од новата реалност.

„Јасно е дека како бизнисмени и претприемачи се соочуваме со предизвици кои се без преседан во поновата историја на човештвото. Токму ваквите предизвици би требало да претставуваат дополнителен мотив и поттик за будење на претприемачкиот дух и инвентивноста, особено кај младите, но и кај поискусните бизнисмени. Бизнисот не може и не треба да се „потпира“ единствено на поддршката од државата. Сега е време кога треба да се делува похрабро, па дури и по цена за зголемен деловен ризик, во внесувањето на промени во работењето, во реализација на нови инвестиции и деловни потфати што ќе ја зголемат продуктивноста, ефикасноста и ќе отворат нови перспективи за развој на бизнисот во новата реалност“, смета Димитров.

Организацијата на работодавачи на Македонија е единствен репрезентативен член на работодавачите во Националниот Економско-Социјален Совет, каде уште од почетокот на актуелната криза поднесува предлози за полесно надминување на последиците врз домашната економија. Активностите на ОРМ се поддржани од Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, што е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).

ПУБЛИКАЦИИ

1
Издадена од ОРМ и МОТ

Водич за работодавачите за управување на работното место за време на КОВИД 19

Прикажи повеќе

2
Издадена од ОРМ, МОТ и БКМ

ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19: Предизвици, потреби и очекувања на претпријатијата во Северна Македонија

Прикажи повеќе

3
Издадена од ОРМ, МОТ и БКМ

ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19: Предизвици, потреби и очекувања на претпријатијата во Северна Македонија (Втора фаза)

Прикажи повеќе

4
Издадена од МОТ

Соочени со пандемијата: Грижа за безбедноста и здравјето на работа

Прикажи повеќе

5
Издадена од МОТ

COVID-19 and the world of work. Eighth edition

Прикажи повеќе